Нарушен е јавниот ред и мир во два одделни случи со агресивно однесување, информираат од СВР Охрид.
На 18.08.2024 во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 44 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околи 12.15 часот кај каналот „Студеничишта“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон припадник на македонската армија кој извршувал службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.08.2024 околу 16.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување помеѓу 55 и 46 годишни лица од Охрид, 77 годишно лице од Скопје и 50 годишно лице од Охрид. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Охрид информира и за пријава од страна на 39 годишно лице од с.Мешеишта во која се наведува дека на ул.„Абас Емин“ во Охрид, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
OhridNews