Фудбалерите на Ренова со победа ја започнаа новата сезона. Македонскиот преставник во Лигата Европа со 2-0 го совлада албанскиот преставник Фљамуртари. Мрежите мируваа во првиот дел во кој временските услови не дозволија да се разиграат фудбалерите.


Резултатот “домаќините“ го отворија во вториот дел по најсторгата казна. Интересно што Маркоски на белата точка покажа по сигнализација на првиот помошник Неделкоски. Најсторгата казна во гол ја претвори Емини.

Во финишот на мечот гостите се отворија,  а убиствена беше контрата на “гипсарите“ кои преку Ибраими стигнаа до убедлива победа.

М.П.