Охридската сала Билјанини Извори го положи и последниот тест за домаќин на  јуниорското СП кое од 21 Јули до 03 Август ќе се одржи во Македонија.

Вчерашната инспекција од страна на ИХФ помина без забелешки со што останува на РФМ да одлучи кои репрезентации ќе играт во Охрид.

Според претходно договореното во Охрид ќе настапува една од четирите групи, додека финалните натпревари место во “Билјнани“ би се преселиле во салата “Борис Трајковски“  во Скопје.

М.П.