По пауза од речи си две години, македонската „А“ репрезентација подготовките за натпреварите против Норвешка и Исланд ќе ги спроведе во Охрид, на стадионот “Билјани Извори“. На стартот на ерата на Катанец, Охрид беше базата за подготовките, но во вториот циклус словенцот се одлучи да експериментира, па така охриѓани не можеа во живо да ги видат “црвено-жолтите“.  Мирсад Јонуз додека беше на чело на селекција под 21 година беше редовен гостин, што на некој начин претставува продолжување на традицијата. Стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ кој важи за еден од најубавите во земјава, во изминатиот период претрпе санација.

За нас во центарот претставува посебна, огромна чест и задоволство што најдобрите македонски фудбалери се враќаат во Охрид. Во изминатиот период ние интензивно работевме на средување на тревникот и инфраструктурата на стадионот, за да им овозможиме што подобри услови на фудбалерите за  подготовка во пресрет на важните натпревари во јуни против Норвешка и Исланд– вели Иван Цветкоски в.д. директорот на ЈП “Билјанини извори“. Исто така сакам да ја изразам и благодарност до ФК Охрид кој излезе во пресрет на нашето барање и имаше разбирање за нашите потреби – додава Цветкоски


новата механизација овозможува полесно и поквалитетно завршување на работите

Македонските фудбалери во Охрид ќе пристигнат во недела, а на подготовките во Охрид ќе одржат шест тренинзи. По еден во недела и понеделник во попладневниот термин , додека во вторник и среда ќе има двојна програма. од 9.30 и 18.00 часот. Од центарот се надеваат на подоборување на соработката со ФФМ

Без поддршката на ФФМ нема да сме во можност да инвестираме на подолго време. На последната средба со претседателот на ОФС , Диме Попоски , одлучивме со заеднички сили  да лобираме до ФФМ за да се урбанизира овај стадион и репрезентацијата да биде редовен гостин во Охрид– завршува Цветкоски.

М.Постоловски