Спортските сали во Охрид и Скопје, “Билјанини Извори“ и “Борис Трајковски“ ќе го угостат светсткиот крем во футсал до колку Македонија во февруари ја добие организација на ЕП 2012 година. Во разглед на капацитетите на Охрид и Скопје беше селекторот на македонската футсал репрезентација и преседател на Организациониот Одбор за организација на Европското Првенство во футсал во 2012 година, Васко Скендеровски како и преставниците на УЕФА Лоран Морел и Кристоф Вон Ватерил .
Охридската сала “Билјанини Извори“ која беше дел од досега најголемиот спортски настан во Македонија, ракометното ЕП за сениорки лани има добри референци за организација на вака голем настан.
–
Видовме ведри и насмеани лица овде во Охрид, забележав дека екипата овде е искусна во организција на големи настани, како што беше ракометното првенство. Салата е во добра состојба и може да одговори на барањата на УЕФА – вели Лоран Морел менаџерот за натпревавување во Футсал.
Прецизните швајцарци во своите нотеси ги запишуваа сите детели, почнувајќи од паркинг просторот, теренот, соблекувалните, допинг просториите, условите за новинарите, прес центарот, како и ВИП просториите.
–
Познат ми е локалитет бидејќи бев овде Охрид во инспекција за европското првенство во женска конкуренција за девојки до 19 години. Салата е убава, а голема предност е што досега била домаќин и организатор на големи натпреварување што помага да се искористи претходно изградената структура како и драгоценото искуство кое го стекнал локалниот тим како дел од сета таа организација – рече Кристоф Вон Ватерил менаџерот на УЕФА за организација на натпревари.
Позитивно размислува и преседателот на македонскиот организационен одбор. Според она што го видов на нивните лица мислам дека нивниот прв впечаток е позитивен и имаме големи шанси да го добиеме “еврото“ 2012 година, смета Скендеровски.
– Организацијата на уште вака големо натпреварување за Македонија и Охрид би значело огромна промоција како за државата така и за Охрид, не само како туристичка туку како и спортска дестинација – истакна директорот на ЈП “Билјанини Извори“ Илче Каневчев.
Дводневната инспекција завршува со посета на Скопје и салата “Борис Трајковски “ каде според планот ќе се играат завршните натпреварувња. Конечната одлука дали ние или Хрватска ќе ја добиеме организацијате ќе биде донесена во февруари наредната година на состанокот на бордот на УЕФА.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com