Познатите Билјанини извори, едно од култните места во Охрид, блеснаа во нов сјај. Деновиве заврши илуминацијата на Билјанините извори, кои сега навечер изгледаат прекрасно.
Билјанини извори во ново светло
Проектот е реализиран со донација во висина од околу 7000 евра што ја обезбеди германското друштво за техничка соработка-ГТЗ. Со проектот е предвидено да се изврши и санација на постоечките басени, да се постават клупи за одмор и информативни табли табли на македонски, германски и англиски јазик, како и монтажа на детски забавни реквизити, уредување на патеките и хортикултурно уредување на целиот простор кај Билјанини извори.
Со предвидените зафати просторот кај Билјанининте извори кој беше оставен на забот на времето конечно малку ќе се поддотера и наместо грда слика и разочарување кај посетителите ќе претстaвува пријатно катче за прошетка и одмор.
Билјанини извори комплетно ќе бидат уредени
фото: Васко Бујароски