Екипите од јавните претпријатија „Билјанини Извори“ и „Проаква“ ќе се сретнат во финалето (20 часот) од Општинскиот турнир во мал фудбал.

Во полуфиналето Билјанини Извори со 7-2 го совлада тимот на Нискоградба додека Проаква со службени 3-0 обезбеди пласман во финалниот натпревар.

Како вовед во финалето кое е закажано во 20 часот ќе биде мечот за третото место во 18:30 часот.

Мх.П.