Охрид и Спортската сала „Билјанини Извори“ се подготвени за Балканското првенство во кик бокс кое од 27 до 29 јуни ќе се одржи во Охрид .Во Спортската сала во која интензивно се работи на реконструкцијата за СП во ракомет, поставен е рингот на кој ќе спарингуваат натпреварувачите.


Како што не информираше преседателот на  кик-бокс федерацијата на Македонија Љупчо Неделкоски пристигнати се пријави од 200 спортисти од Србија, Бугарија, Хрватска, БиХ , Црна Гора  и Македонија.


Наптреварите започнуваат во сабота со квалификацискиот ден од 10 до 19 часот. Полуфиналните борби се во недела од 10 до 16 часот. Додека финалните борби се во недела од 18 до 21 часот.

ohridnews