Поради неплатен долг од 8 200 000 денари ЕВН ја исклучи струјата во спортската арена „Билјанини Извори“.

Од Јавното претпријатие ја потврдија информацијата со објаснување дека се работи за заостанат долг кој се таложел со години.

– Денес на ЕВН и уплативме 150 000 денари, поконкретен да бидам уплативме се што имавме на смектата. Долгот е огромен, на јавноста и е познат и објавен е уште во мај 2013 година на прес конфернеција на претпријатието. Тоа што не се плаќало во минатото сега ќе мора да се плати и ние од тоа не можеме и не сакаме да избегаме. Долгот ќе мора да се подмири и да се најде начин како ќе се стори тоа. За утре е закажан состанок со одговорните во ЕВН и после тоа ќе се знае како понатаму ќе се дејствува за да се дојде до решение – рече првиот човек на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

Годинава во спортската арена се одржаа завршниците од Купот на Македонија во ракомет и кошарка, а летово ќе се одржи Светско првенство за кадетки во ракомет.

Ohridnews