Спортската арена „Билјанини Извори“ остана во мрак откако екипа на ЕВН нешто по 16 часот ја исклучи струјата.


– Добивме неколку опомени пред исклучување. Екипа на ЕВН пристигна и по 16 часот ја исклучи струјата – рекоа за Ohridnews од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.


Истата судбина арената ја снајде пред четири месеци кога поради долг од 8 200 000 денари беше исклучена струјата речиси една недела.

Ракометарите на Охрид не го одржаа редовниот тренинг во 19 часот. Ако во вторник нема струја во Билјанини Извори тие ќе се преселат во „Тодор Александров“ во Велгошти бидејќи в недела ги очекува меч на домашен терен со Работнички во рамките од Супер лигата.

Ohridnews