Од ЈП „ Билјанини извори“ информираат дека од утре 1 април, претпријатието започнува со примена на санкции кон оние лица кои нема да плаќаат за паркирање на возилата на паркинг просторот со кој стопанисува ова јавно претпријатие.

Целта на оваа одлука која ќе се спроведува со асистенција на овластена агенција за обезбедување е да се зголеми наплатата и да се обезбедат финансии  а со тоа да ја забрза финансиската консолидација. За сите оние кои нема да ја почитуваат одлуката на Советот на Општина Охрид со која паркинг просторот му е даден на ЈП Билјанини извори и со која е одреден ценовник по кој се наплатува, ќе се применат одредбите од ”Правилникот за начин на наплата на паркизи” со кој се предвидени јасни санкции за прекршителите, велат од претпријатието.

Оттаму потенцираат дека одредбите од правилникот и одлуката на Советот на Општина Охрид  ќе се спроведуваат неселективно и ќе важат за сите кои ќе паркираат на паркинг просторот што му е доделен на претпријатието.

OhridNews