Согласно Календарот на АФМ на 6 март (Недела) во Охрид Ќе се одржи Зимско првнество на Македонија во фрлачки дисциплини, кое ќе биде и изборен натпревар за Европско првенство во фрлачки дисиплини кое се одржува на 19-20 март во Софија, Бугарија.


Првенствотото кое е го организира АФМ е во техничка соорганизација на АК “Охрид“. Стартот на натпреварите е од 11 часот на помошниот терен на  СРЦ Билјанини извори.

Натпреварот ќе се одржува во следниве категории;
Сениори; ѓуле (7.260 кг), диск (2кг), копје ( 800гр), кладиво ( 7.260 кг)
Сениорки; ѓуле (4 кг), диск (1кг), копје ( 600гр), кладиво ( 4 кг)
Младинци; ѓуле ( 6 кг), диск (1.750 кг), копје ( 800гр)
Младинки: ѓуле ( 4 кг), диск (1 кг), копје ( 600гр)
Млади младинци; ѓуле ( 5 кг), диск (1.500 кг), копје ( 800гр)
Млади младинки: ѓуле ( 4 кг), диск (1кг), копје ( 600гр)

Натпреварувачите, пласираните на првите  три места ќе бидат наградени со дипломи и медаљи од АФМ.
Ohridnews