Цели  осум месеци охридските бели се немаат израдувано на победа на стадионот  на “Билјанини Извори“. Последен пат  охриѓани на домашен терен се радуваа  на 11 ноември во 13 коло од минатогодишниот  шампионат кога со 1-0 беше совладан Новаци.  


Од тогаш  “рибарите“ на “Билјанини“ одиграа  шест натпревари ги загубија сите шест, притоа постигнаа само еден погодок  во поразот од Тетекс со 6-1. Гостите  редовно се гостува  во Охрид, а  последни кои си заминаа со полн плен е штипската “Фаланга“ која со 3-0 го порази Охрид.

Ниту  реализацијате не е на ништо подобро  ниво, гостинските мрежи остана нечепнати околу 500 минути. Последен фудбалер кој  постигнал гол за Охрид на “Билјанини“  беше Атај Уљо во поразот од Тетекс.

11/11/2008  Охрид 2004   – Новаци 2005  1 – 0
22/11/2008  Охрид 2004   – Тетекс   1 – 6
28/02/2009  Охрид 2004   – Кожув   0 – 1
14/03/2009  Охрид 2004  –  Цементарница 55 0 – 1
11/04/2009  Охрид 2004   – Брегалница 2008 0 – 1
21/04/2009  Охрид 2004   – Шкендија   0 – 1
22/08/2009  Охрид 2004   – Брегалница 2008 0 – 3

М.П.