На нешто помалу од дваесетина дена од стартот на ЕП за ракомет во жени, покрај локалната кампања за промоција на европското ЈП “Билјанини Извори“ работи на уредување на просторот околу спортската сала.

– По опсежно се работи на уредување на надворешниот простор, поставени се нови корпи, ќе се постави нова капија, огласна табла со план и ќе биде обележан паркинг проторот пред салата. Сето тоа ќе изгледа како една целина и ќе даде еден нов лик на спортската салата, се со цел да се презентриаме пред европската јавност најдобро што можеме – вели Иван Цветкоски директорот на ЈП Билјанини Извори.

До стартот на Европското, 2 Декември, ќе има уште неколку контроли од ЕХФ.

ohridnews