Охридската Билјана 006 и скопски Младинец ќе ја започнат трката за вториот билет во финалето од првата женска кошаркарска лига.


Првиот натпревар во серијата “кој прв до две победи” се игра денес во салата Градски Парк. Поради нерешениот скор во регуларниот дел, и двете екипи почнуваат без предност, односно од нула.

Охриѓанки во полуфиналето од националниот куп во Делчево беа поразени од екипата на Младинец со 70-40.

М.П.