Охридската Билјана 006 претрпе пораз од лидерот на табелата Вигор 63-43, на гостувањето во Скопје. На три кола пред крајот ” вигорки“ ја потврдија пол-позицијата пред стартот на плеј-офот.
Охриѓанки по овој пораз но и победата на Нарконон над Водњански Лисици со 51-40, падна на четвртото место на табелата. Во наредното коло охриѓанки се слободни.
Од записникот :
Вигор Скопје – Билјана 006 63:43 (19-3; 19-10; 11-12; 14-18)
Сала “Јане Сандански” – Скопје. Гледачи: 100. Судии: Михајловиќ – Митев – Скопје