Охрид доби нова туристичка атракција. Култната Билјана како бели платно е претставена на оригинален и интересн начин кај градското пристаниште во центарот на Охрид.

Билјана веќе го привлекува вниманието на туристите кои застануваат да се фотографираат во автентична платнена облека. Цената да се биде Билјана изнесува 100 денари.

Охриѓани ја поздравуваат оваа оригинална идеја, особено што се работи за еден од најпрепознатливите белези по кои градот е надалеку познат.

OhridNews