Охридската Билјана 006 како третопласирана ги заврши натпреварите во регуларниот дел од сезоната. Охриѓанки третото место го заверија со победата на Водњански Лисици од 61-55.Првиот дел од натпреварот им припадна на гостинките кои благодарение на расположената Кераровска (22 п) заминаа на одмор со плус 11 (21-32).
Но одморот добредојден беше за домашните кои заиграа поангажариано во одбраната, а гостинките кои допатуваа и натпреварот го одиграа со пет кошаракарки почнаа да го губат здивот.
Во третиот период “белите“ го завртеа резултатот во своја корист а во финишот од мечот тандемот Балазоска (32 п) и Рајчиноска (17 п) не дозволија гостинките да се радуваат.
Од записникот :
Билјана – Лисици 61-55 (13-14, 8-18, 23-10, 16-13)
СРЦ Билјани Извори. Гледчи 50, Судии Поповски и Тасески од Битола.
Билјана 006 : Анѓелоска 8, Умер, Рајчиноска 17, Балазоска 32, Цветаноска 2, Матевска, Гаврилоска 2, Миладиновска , Кузеска, Горичан, Сидорова
Водњански Лисици : Поповска 7, Станоевска, Јовкова, Велковска 6, Ристова, Стојановска 7, Кераровска 22, Ковачевиќ, Фејзулаху, Николовска 14
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com