Дерби натпреварот од од 3. коло во втората натпреварувачка фаза – “оролоџо“ во Вардар Осигурување се игра денеска во Охрид.
Билјана 006 е домаќин на Вигор Скопје, кој минатиот викенд во Кавадарци го одбрани Купот на Македонија.
Охриѓанки се во трка за освојување на 4. место, кое води во плејофот.
Мечот започнува во 16 часот.
Струмица -АМАК 89:94
Сензационален триумф на Охридскиот АМАК СП, кој на гостувањето во Струмица синоќа го совлада актуелниот шампион со 94-89.
Се извлекоа Струмичани во купот , но она што не им успеа во Кавадарци, на “езерџиите“ им тргна од рака во првенството и тоа на гостувањето во Струмичкиот “Парк“.
Со овај триумф охриѓани на пет кола пред крајот на втората фаза остануваат на третoто место на табелата. По оваа победа АМАК СП се изедначи по бројот на победи со струмичани на 2-2.
OHRIDNEWS