– По пропуштената шанса во Купот, повеќе од потребна беше победата во овај натпревар. Со оваа победа ја продолжуваме битката за третата позиција на табелата – изјави капитенот Балазоска.
“Вигорки“ започна силно на стартот, а преку Тантуровска (16 п, 4/6 за три) имаа минимална предност по првото полувреме 32-34. Колективната игра на “белите“ во продолжението даде резулат, а со поените на Н. Кузеска за прв пат во мечот стигнаа до предност 48-47. Маестрално во одбраната го одиграа последниот период охриѓанки, во кој гостинките првите поени ги постигнаа на четири минути пред крајот. Со мирна игра во финишот охриѓанки го приведоа дерби мечот во своја корист.
Причината за поразот, тренерот на гостите Видое Секулоски го гледа во опуштањето на девојките.
– Добро дојден е овај пораз за нас, за да се освсестат девојките за да разберат дека превенството се игра до крај. Недозовленото опуштање и пристапот кон мечот на крајот се покажаа кобни за нас.
Во наредното коло в недела Охриѓанки во Билјанини го пречекуваат фенерџијата Куманово.
Билјана 006 – Вигор 63-55 ( 17-22,15-12,14-13,17-8)
Сала Б.Извори. Гледачи 50. Судии Андоновски и Поповски (Битола).
Билјана 006 : И.Ангелоска , Тилоска , Спасеска , Балазоска 20 , Горичан, Булоска, Н.Кузеска 21 Патчева , Ј.Кузеска 2 Стерјовска, Миладиновска 6 , Ж Ангелоска 14.
Вигор : Н. Секулоска 4 , Јаневска, А. Секулоска .Живковиќ 10, Тантуровска 24, Ацковска 10, Стојановска , Раденковиќ, Бондикова, Домлевска 3, Гемтовска 4 .