Екипата на Вест Бромвич Албион направи промена на позицијата менаџер, откако на местото од Славен Билиќ дојде Сем Алардајс.

На Билиќ кој со ВБА успеа да влезе од Чемпионшип во Премиер лигата му пресудија лошиот почеток на сезоната. Хрватот е прва тренерска жртва во Премиер лигата сезонава.

Алардајс (66) потпиша договор на 18 месеци, а ВБА е негов прв клуб што ќе го води од мај 2018 година кога замина од клупата на Евертон. Новиот тренер на ВБА во минатото ги водеше екипите на Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Сандерленд и Кристал Палас.

Алардајс во 2016 година беше назначен за селектор на Англија, но остана на должноста само 67 денови и беше принуден да поднесе оставка, поради вмешаност во скандал околу продажба на фудбалери.

OhridNews