Љубителите на креативниот хумор на 28-ми март, петок, во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе може да го проследат урнебесното кабаре на професионалните актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски – „2 Mothers brothers”. Овoj проект е исполнет со динамични авторски песни, преработки и комичен сценски материјал.
Кабарето започнува во 21.30 часот, а влезниците по цена од 150 денари ќе можат да се набават веќе од денеска на касата при Центарот за култура.
Местата се ограничени!
OhridNews