Екипата на Металург во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони пред полни трибини ќе го пречека германскиот Кил откако 2000 билети пуштени во продожба биле „збришани“ за осум минути.
Тимот од Автокоманда продолжува со трендот на брзо распродавање на билетите бидејќи така беше и за осминафиналниот натпревар со данскиот Колдинг.
Металург со трикратниот европскиот првак ќе се сретне в сабота во 18:30 часот во првиот четвртфинален натпревар.
Мх.П.