Билетите за бродовите „Александрија“ 1 и 2, кои утре ќе пловат до манастирскиот комплекс Св. Наум, се веќе продадени.

Како што веќе информиравме, по повод големиот верски празник Св. Наум Охридски – Чудотворец, бродовите „Александрија“ 1“ и 2, на 5-ти јануари, сабота, ќе пловат до манастирскиот комплекс во Св. Наум по симболична цена од 100 денари за повратен билет.

Тргнувањето за Св. Наум од Охрид е во 8 часот од градското пристаниште. Терминот на враќање на патниците ќе им биде соопштен во текот на пловидбата.

 

OhridNews