Брачниот пар Томпсон изјавил дека секоја ноќ се будат откако во куќата веднаш до нив се доселил еден средовечен пар. Тие истакнале дека е нарушена нивната приватност. Нивната седумгодишна ќерка морале да ја префрлат во друга соба. Бучните соседи се согласиле да го преместат креветот понастрана од ѕидот, но и тоа не помогнало многу.


Локалната власт одбила да се вмеша во случајот, објаснувајќи дека бучавата доаѓа од секојдневните активности во едно семејство. Томпсонови сега немајќи друг излез размислуваат да се отселат. Парод од соседството вели дека се обиделе да ја намалат “бучавата“ колку што можат.