Германскиот таблоид Билд кој редовно објавува разголени фотографии на насловната страна, признал дека објавиле фотографија на 13-годишна девојка во топлес. Фотографијата била објавена на 8-ми август 2003 година како дел од натпреварувањето во кое читателите избирале „најсексипилна девојка на летото“.

Билд тврди дека во времето на објавувањето на фотографијата не знаеле колку години има девојката. Фотографијата „Мелани од Лајпциг“ ја тргнале и од архивата за да бидат сигурни дека никогаш повеќе нема да биде објавена.