Министерството за животна средина и просторно планирање го организира Третиот состанок на Билателарниот Комитет за заштита на Охридското Езеро . Со тоа се продолжува прекуграничната активност за заштита и квалитетно управување на сливот на Охридското Езеро базирана врз Договорот за заедничка заштита на сливот на езерото потпишан помеѓу Владите на Република Македонија и Република Албанија.
Во согласност со насоките од Вториот состанок (декември 2006) , главните точки на состанокотшто ќе се одржи во четврток во Охрид ќе бидат легалните аспекти на рибарството (новиот закон за рибарство и аквакултура и евентуални прекугранични аспекти ) како и информација за нацрт просторниот план за Охридско – преспанскиот регион. Исто така се планира да се разговара за усвојување на концепт за прогласување на заеднички биосферски резерват во сливот како разговори за заеднички настап на одбележувањето на 5-Јуни (денот на екологијата) и 22 Јуни (денот на Охридскот Езеро). На состанокот ќе се предложи и кооптирање на членови од преспанскиот слив во насока на планираната координација на активностите.
На Третиот состанокот на Билатералниот Комитет за заштита на Охридскот Езеро ќе присуствуваат Министрите и државните секретари на министерствта за животна средина на Македонија и Албанија.