Американецот Леви Б. Картер се напил толку многу што полицискиот апарат за алко-тест не можел да ја измери количината алкохол во неговиот здив, што значи дека количината била најмалку шест пати поголема од дозволената.

Картер возел со автомобил во Првата Авенија во Ајова Сити кога удрил во знак покрај патот. После тоа на местото на настанот пристигнала полицијата. Полицајците му направиле алко-тест, но апаратот не можел да ја измери количината алкохол во неговата крв.