Мајк Скривен, 46-годишен фармер од Бристол во Велика Британија нема среќа со животните. Пред шест години имал блиска средба со бик, по што во грбот му вградиле метална плочка. Мајк од тогаш внимава на биковите и ги избегнува. Меѓутоа, не знаел дека на него се навртеле и крави.


Преминувал улица и забележал дека го следи крава. Го забрзал чекорот, но животното се повеќе му се приближувало. Тогаш одлучил да трча, но се сопнал и паднал. Кравата седнала врз него. Во таа положба бил речиси еден час. Ја боцкал со прстите и го искористил невниманието на кравата и побегнал. Го одвеле од болница, но за среќа, поминал само со гребнатинки.

-Овој пат навистина мислев дека е готово, изјавил Мајк.