Познатиот комичар Бил Козби ќе биде уапсен, откако против него е подигнато обвинение за сексуален напад од 2004 година. Како што објави обвинителството на Пенсилванија, Козби се товари за напад и нанесување повреди на Андреа Констанд, поранешна работничка во Универзитетот Темпл. Постои сомнение дека Козби ја дрогирал и сексуално ја злоставувал во Филаделфија. Во прашање е прва судска тужба против Козби, после низата обвиненија кои во текот на 2014 година беа изречени против него за поголем број сексуални напади во последниве неколку децении.
Козби под заклетва изјави дека со Андреа имал сексуален однос со взаемна согласност. Случајот е повторно отворен, бидејќи повеќе од 50 жени го обвинија Козби за напади или непристојно однесување. 35 од нив своите сведочења ги дадоа за јулското издание на „Њујорк магазин“, за негде во исто време да се појави информација дека и самиот Козби во еден правен документ признал дека своевремено и дал седативи на една жена како би имал секс со неа. Козби на некои од тужбите одговорил со контратужби.