Поранешниот американски претседател Бил Клинтон повторно ја изненадил јавноста. Во едно казино во Монте Карло на еден гала настан се забавувал и се фотографирал со бројни порно ѕвезди.

Клинтон на манифестацијата под име „Nights in Monaco“ одлично се забавувал со Дајана Кругер и Џошуа Џексон, но двете актерки од порно филмовите кои се припиле до Клинтон биле Таша Реиџн и Бруклин Ли. Бруклин гордо објавила фотографија на својот Твитер, а неодамна освоила награда за сцена со секс во филмот ‘Mission Asspossible’.