На првото место најбогати луѓе и оваа година е Бил Гејтс, кој поседува 87,4 милијарди долари. Своето богатство го стекна во „Мајкрософт“, кој го основа пред 40 години со пријателот од детството Пол Ален. Гејтс не е само најбогат човек, туку и најдарежлив, па преку својата фондација Бил и Мелинда Гејтс донира 40 милијарди долари. Им помага на сиромашните, во борбата против ХИВ-от, маларијата и други заразни болести, а донира и во компанијата “Грејл“ која креира тестови за крв со кои се открива секој облик на канцер.

 

На второто место е Амансио Ортега кој има 66,8 милијарди долари. Сопственик е на модната компанија „Индитекс“. Од 14 години работи во модниот свет, а продавал облека во локална продавница. На третото место се наоѓа американскиот претприемач и директор на осигурителната компанија “Беркшир Хатавеј“, Ворен Бафет, чие богатство е проценето на повеќе од 60 милијарди долари. Бафет е голем филантроп и еден од милијардерите кои се обврзаа да го донираат своето богатство после смртта.