Мултимилијардерот Бил Гејтс понудил 100 илјади долари на оној кој би направил презервативи за новите генерации, кон не го намалува задоволството за време на половите односи и кој би бил поедноставен за употреба, пренеле француските медиуми. Понудата била многу сериозна и има за цел зголемена употрена во светот на тој начин на контрацепција, како би се намалило ширењето на сидата.

Иноваторот ќе мора да достави модел спремен за тестирање. Бил Гејтс, основачот на Мјкрософт, од 2007 година се бави со хуманитарни акции низ фондацијата која ја основал со својата сопруга. Тој се надева дека така ќе успее да го спречи ширењето на полово преносливите болести, но и да го намали бројот на несакани бремености ширум светот.