Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс, на предавањето во Калифорнија отворил тегла полна со комарци. Целта му била, на присутните посликовито за што посликовито да им ја прикаже опасноста и сериозноста од проблемот со маларијата. На конференцијата за технологија ТЕД 2009 која се одржа во Лонг Бич, Гејтс говорел за превенцијата од маларија и најавил донација од 170 милиони долари.
„Маларијата ја шират комарци“ – и викнал на публиката, а потоа од теглата ги ослободил комарците.
„Донесов неколку. Ево ги ослободив. Нема причина само сиромашните да бидат заразени“.
Откако на публиката и објаснил дека комарците не се заразени, Гејтс рекол дека повеќе пари се трошат на лек против ќелавост отколку за борба против маларијата.
„Ќелавоста е страшна работа и ги погодува богатите мажи. Затоа и дадовме приоритет“ – се пошегувал Гејтс.
„Пазарот не ги поттикнува научниците, филозофите па и владите да ги прават вистинските работи. Само ако се вклучиме и ги натераме луѓето да се грижат можеме да постигнеме напредок каков што би требало“ – рекол Гејтс и заклучил дека тој е оптимист и мисли дека секој проблем може да се реши.