Компјутерскиот генијалец и милијардер Бил Гејтс ја добил наградата Индира Ганди за мир, разоружување и развој во Индија. На публиката во Њу Делхи и кажал дека отворил профил на Фејсбук, но и дека го избришал бидејќи 10 илјади луѓе сакале да му бидат пријатели. Имал проблеми бидејќи не знаел кој навистина го познава, а кој не.
Здружението Бил и Мелинда Гејтс донирало огромни средства во проекти за здравје и развој во Индија, а најмногу на оние кои се борат против сидата и детската парализа. На публиката уште и кажал и дека не сака смс пораки и дека не е зависен од технологијата.