Заносната колумбиска убавица Софија Вергара ги „запалила“ друштвените мрежи, објавувајќи секси фотографија со која ја рекламира својата нова колекција костуми за капење „Кмарт“. Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ во леопард бикини од кој ѕиркаат бујните природни гради, привлекла внимание кај девојките и жените, но и кај посилниот пол. Според неа, секоја жена треба да има барем еден костум за капење. Дури и кога не се чувствуваат секси, мораат да бидат атрактивни на плажа или во базен со своите деца.

 

Рекла дека за тоа се идеални едноделните модели. Со нејзините големи гради никогаш не се доживувала како секси девојка, без разлика што мажите мислат за неа. Вели дека повеќе личи на курва, но што да прави кога тоа го наследила од својата мајка. Нејзините костуми за капење чинат само 50 евра. Моментално е најплатена актерка со 250 илјади долари по епизода. На 21 мај ќе се венча со долгогодишниот вереник Ник Лоеб.