ПЕТА започува нова акција, а овој пат за заштитно лице ја имаат австралиската манекенка Шеридин Фишер.
Таа во рамките на кампањата за заштита на животните, додека траело снимањето, на себе носела само листови од зелена салата.
Инаку, Шеридин е вегетаријанка и во рамките на кампањата апелира до луѓето да ја прифатат здравата исхрана без месо.
За разлика од „Плејбој“, каде позирала без ништо на себе, овој па носела зелена салата наместо бикини, а во рацете држела порака на која пишувало „Сврти нова страница“.
Многу била активна во различни кампањи кои ги штитат правата на животните и го осудуваат нивното експлоатирање.