Еден млад бик предизвикал општа паника во една продавница за облека во бразилскиот град Сао Хозе до Рио Прето во која залутал кога се превртел камионот кој го превезувал недалеку од бутикот. Купувачите се преплашиле кога го здогледале животното како се пробива меѓу полиците на бутикот, додека минувачите запрепастено гледале во излогот од кој излегувала главата на бикот.
По неколку неуспешни обиди на обезбедувањето да го совлада бикот со јажиња, бикот го скршил излогот и побегнал од продавницата. На крајот сепак бил фатен и одведен во една локална фарма за говеда.