Поп пејачката Бијонсе станала заштитно лице на летната колекција за 2013 година на компанијата „H&M“. Таа на првата фотографија за кампањата „Бијонсе како госпоѓа Картер“ позирала на песочна плажа во лесна блуза и краток шорц. Таа исто така го снимила својот нов сингл под наслов “Standing on the Sun” кој ќе биде достапен на интернет.

Таа изјавила дека отсекогаш и се доапаѓала модата на „H&M“ која има забавен и пристапен концепт. Рекла дека го обожавала концептот на кој соработувале и ги истражувале емоциите на жените претставени низ четирите елементи, вода, оган, земја и ветер. Таа својата светска турнеја “The Mrs Carter Show” ќе ја започне во Белград на 15 април.