Пејачката Бијонсе е најплатениот изведувач во светот на шоу бизнисот со заработка од нешто повеќе од 113 илјади долари во една минута. Според истражувањето на сајтот „Saucytime“, Бијонсе се нашла на првото место, бидејќи на новогодишна приватна забава во Њујорк за пет отпеани песни заработила околу два милиони долари.
Второто место го зазела Мараја Кери, бидејќи на слична прослава заработила милион долари за пет отпеани песни. Во топ пет се сместиле уште и Кајли Миног со 53 илјади долари во минута, Џенифер Лопез со 44 илјади и Ролингстоунс со 35 илјади долари за една минута пеење.