Музичкиот магнат Џеј Зи избрал скапоцени сини дијаманти како идеален подарок за четвртата годишнина од бракот со Бијонсе. Тој на својата сопруга и избрал прстен со редок и многу скап син дијамант, а се претпоставува дека тоа ќе биде и нов веренички прстен, бидејќи парот планирал да ги обнови брачните завети до крајот на годинава.
Бијонсе и Џеј Зи планираат многу елегантна и интимна церемонија на својот имот во Њујорк, а меѓу повиканите лица ќе се најдат само неколку избрани пријатели од светот на славните, вклучувајќи ги Гвинет Палтроу и Опра Винфри.