Папараците успеаа да ја фотографираат поп дивата Бијонсе Ноулс во Лос Анџелес додека, со сопругот и ќерката, се враќаше од една детска прослава. Меѓутоа, неугледниот стајлинг и немарната фризура, која ја избра за таа прилика, прилично ги изненади сите обожаватели на пејачката. Бијонсе на себе носеше широка дуксерка и тексас сукња до колена, а косата и беше врзана во реп, додека лицето го криеше со големи очила.

 

Да не беше нејзиниот сопруг Џеј Зи, кој ја носеше малата Блу Ајви, како и обезбедувањето кое во чекор го следи познатиот пар, тешко дека некој ќе можеше да ја препознае славната Бијонсе. Инаку, познатиот пар во последно време се соочува со сериозен скандал, кој настана откако 22-годишното момче Римир Сатервејт најави тужба против славниот рапер. Имено, тој тврди дека е вонбрачен син на славниот рапер и бара судот да наложи постапка за утврдување на татковство.