Тоа што не му успеало на британскиот готвач Џејми Оливер, ќе се обиде да го стори популарната пејачка Бијонсе. Таа одговорила на повикот на првата дама Мишел Обама, да биде промотор на кампањата „Одиме сите да вежбаме“, која има за цел да ја сузбие епидемијата на дебелина кај младите во САД. Наскоро учениците во сите училишта ќе танцуваат и вежбаат во тактот на песната “Get Me Bodied”, голем хит на Бијонсе, која за потребите на кампањата бил преработен.


Видеоснимка со оваа нумера, серија вежби и совети за здрава исхрана ќе биде проследена во сите образовни установи, што претставува најобемен потфат во борбата против дебелината меѓу младите. Бијонсе рекла дека и е чест да биде дел од овој проект и додала дека Мишел Обама заслужува признание што дирекно започнала со кампањата против она што најмногу го загрозува здравјето на нацијата.