Пејачката Бијонсе стравува дека би можел да ја повреди човек, кој со години ја прогонувал, поради што на концертот во Лондон ќе бидат зголемени безбедносните мерки. Имено, поп ѕвездата примала заканувачки писма, а се претпоставува дека станува збор за опседнат обожавател, кој уште во 2011 на суд бил предупреден да се држи настрана од пејачката, а тогаш добил и забрана за приоѓање.
Извор близок на пејачката рекол дека сите биле известени дека Бијонсе е во опасност и на сите им биле испратени фотографии од човекот. Опседнатиот обожавател уште во 2009 на пејачката и испраќал заканувачки писма и тврдел дека таа е измамничка која ја убила вистинската Бијонсе.