Новиот албум на Бијонсе наводно стигнува во ноември. Како што пренесуваат британските медиуми, на пејачката наводно и се „испуштило“ и рекла дека новиот албум е спремен за време на средбата со фановите пред концерот во Осло. Обожавателката Оливија Кранц на својот блог навела дека добила билет за бекстејџот и дека ја искористила можноста да се запознае со пејачката и да ја праша за новиот албум.

Оливија изјавила дека се се случувало многу брзо и дека само успеала да и каже дека многу и се допаѓа нејзината нова песна ‘Grown Woman’ и ја прашала кога да го очекуваат новиот албум. Бијонсе кратко одговорила во ноември и минала на следниот обожавател.