Бијонсе и Џеј Зи во последно време имаат големи несогласувања кои започнаа кога Соланж, сестрата на Бијонсе, го нападна раперот поради наводно непознати причини, но судејќи според се, сега таа причина е откриена. Имено, Џеј Зи постојано се сомневал дека Бијонсе го изневерува со телохранителот Џулиус, но никогаш тоа не можел да го потврди. Конечно, кога решил да го отпушти телохранителот, Соланж го нападнала.
Гласини за неверството постојат уште од 2009 година, откога пејачката стана блиска со телохранителот, кога била видена како излегува со него од хотел, а неговите усни биле размачкани со кармин каков што носела Бијонсе.