Поп ѕвездата Бијонсе ќе режира документарец за својот личен и професионален живот, соопштила кабловската мрежа HBO. Филмот, кој моментално нема наслов, премиерно ќе биде прикажан на 16 февруари и ќе го претстави животот на добитничката на Греми награди, нејзината работа во студио, припремите за настапи во живо и како ја води својата телевизиска и музичка продуцентска куќа.
Директорот на програмата на HBO, Мајкл Ломбардо во сооштение изјавил дека сите ја знаат музиката на Бијонсе, но малкумина ја познаваат како личност. Документарниот филм ќе прикаже и сцени од семејниот живот на ѕвездата како и снимки кои ги направила самата пејачка.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com