Популарната пејачка Бијонсе наскоро ќе се врати ма музичката сцена, пренеле американските медиуми. Својот прв концерт по породувањето ќе го има на отворањето на едно казино во Атлантик Сити на 25 март, каде ќе пее три дена по ред, а неодамна ја прифатила и улогата во филмот ‘One Hit Wonders’, каде ќе глуми заедно со Камерон Диаз и Гвинет Палтроу.

Оваа пејачка својот последен настап го имала во август минатата година во Њујорк. Бијонсе со својот сопруг Џеј Зи е во брак од 2008 година, а нивното прво дете Блу Ајви Картер го родила во јануари оваа година.