После музичките успеси, време е за освојување и на Холивуд. Иако не е прв пат славната пејачка Бијонсе да добие улога во некој филм, се зборува дека се спрема за најголемата улога досега. Имено, пејачката која веќе беше номинирана за Златен глобус, за улога во филмот “Dreamgirls”, наводно веќе година дена активно зема часови по глума во Лос Анџелес и Њујорк, а според американските медиуми, станува збор за некоја „важна и драматична улога“.

 

Според пишувањата на „US Weekly“, 34-годишната пејачка наводно има голем број филмски понуди, но е многу пребирлива по тоа прашање, а најмногу сака да работи на филмови кои за тема ги имаат правата на Афроамериканците. А за сите фанови кои се плашат дека Бијонсе ќе ја стави музичката кариера во втор план, нема простор за паника. Се зборува дека и покрај сите работни и семејни обврски, славната пејачка припрема и нов албум.