Пејачката Бијонсе Ноулс смета дека дошло време да стане мајка. Откако своите дваесетти години ги посветила на изградба на музичката кариера, таа одлучила дека триесетата година е вистинското време да се најде и во улогата на родител.


За време на фотографирањето за рекламната кампања за модната линија „House of Dereon“, пејачката на новинарите им рекла дека кога имаш 18 или 19 години си полн со енергија и желба, па треба да работиш колку што можеш. Додала дека сега веќе е жена која треба да се посвети на бракот и проширувањето на семејството.